Top
Бибер

Зачин кој ефикасно ги топи масните наслаги на стомакот

Зачинот кој секојдневно се користи како скромен додаток во исхраната, се разликува од останатите ароматични засилувачи на вкус по тоа што се бори против вишокот масти. Црниот пипер и солта се најчесто користени зачини. Остриот вкус на црниот пипер праќа сигнали дека е време да започне со елиминирање на симптомите на мачнина. Биберот има улога во подоберување на дигестивниот систем преку стимулирање на ензимите за варење, секреција на желудечни сокови и забрзување на текот на храната низ дигестивниот систем. Освен тоа, овој зачин е антиоксиданс, има антивоспалително дејство и има моќ да го контролира нивото на холестерол.
Најдобро го задржува вкусот ако се чува и користи во зрна или пак се меле кога се додава како зачин. Најароматичниот вид на пипер е оној во зелена боја, кој благодарение на етеричните масла кои ти топат мастите, сè повеќе се користи во препаратите за отстранување на целулит.
Освен во јадења, биберот се препорачува како додаток во овошни и зеленчукови пијалаци. Доволна е сама мала количина за да го разбуди метаболизмот и да ги разгради мастите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>