Top

„Family Box“ – најдоброто за целото семејство

T-Family-Box

Од 23 мај, сите корисници на „Т-Мобиле“ и „T-Хоум“ ќе имаат единствена можност да активираат „Family Box“, пакет на услуги, одговор на телекомуникациските потреби на целото семејство.

„Family Box“ е комбинација од најатрактивните мобилни и фиксни услуги на една сметка. За месечна претплата од 1999 денари вклучени се најбрзиот интернет за дома, најдобрата телевизија MaxTV со над 80 ТВ канали и два постпејд броја со неограничени разговори кон сите мрежи и неограничен интернет.

Г-дин Жарко Луковски, Главен извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“, изјави:

Ова е првата интегрирана понуда на пазарот и е одговор на сите комуникациски потреби на едно семејство. За прв пат се нудат и телефонија и интернет и МaxTV во еден пакет и тоа неограничени. Нашите корисници го заслужуваат најдоброто, а „Family Box“ е најдоброто на едно место, на една сметка и по одлична цена.

t-family-box

Понудата е достапна за сите нови и постоечки корисници на „Т-Мобиле“ и „T-Хоум“ со договор за лојалност.
Корисниците на пакетот можат да купат и телевизор на рати коj ќе се плаќа преку месечната сметка, а со секој од вклучените постпејд мобилни броеви да изберат и смартфон или таблет по многу поволна цена.

Освен овие поволности, корисниците кон пакетот може да приклучат и дополнителни постпејд и припејд картички по потреба, а со секоја дополнителна SIM картичка може да се склучи договор за Доверба за мобилен апарат или таблет.

Повеќе информации можете да добиете на 122 или t-mobile.mk.

Промотивен текст