Top

Хотелски комплекс „Манастир“ – Спој на традицијата и природната убавина

Holet-Manastir-Logo-625-200-iLike-mk

Хотелскиот комплекс „Манастир“ е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура.

Holet-Manastir-Logo-iLike-mk-1

Со почит кон историјата и традицијата, а со цел да не се наруши вонвременската убавина на градбата успеваме да постигнеме беспрекорна хармонија меѓу вековното и новосоздаденото со што создаваме целина во која ќе можете да се релаксирате и уживате во незаборавните вкусови на гастрономските специјалитети и автентичната етно атмосфера.

Хотелскиот комплекс „Манастир“ располага со три хотелски крила, СПА содржини, сала за семинари, две летни тераси, „чардак“, терен за тенис, мултифункционален терен за кошарка, фудбал и одбојка, детско игралиште и надгледуван паркинг простор.

Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и планински велосипедизам, како и за оние кои бараат авантури и предизвици, но исто така и за поклониците на ловот и риболовот, а и кајакарите на мирни води токму овде ќе го пронајдат она по што трагале.

Во денешниот свет на висока технологија и интензивен брз, динамичен начин на живот, на сите нас нѝ е потребно да ја обновиме нашата животна енергија, а „Манастир“ и еко-туризмот се вистински избор кон таа цел.

Промотивен текст


+389 70 275 322 | +389 33 279 000 | info@hotelmanastir.com.mk