Top

Градот на попустите – Солун, Грција

KupiNaPopust-iLike-625-200-iLike-mk

Речиси секој од нас го има доживеано искуството да оди на шопинг во еден од убавите градови близу нас. Шопингот во Солун е убаво искуство посебно за зависниците од гардероба, бидејќи сезонските попусти се навистина доста примамливи за сечиј џеб. Интересно е што попустот не е ограничен само на неколку продавници туку е распространет низ цел Солун.

Solun-Grcija

На луѓето им се понудени големи избори, како: стоковни куќи, трговски центри, хипермаркети кои имаат обезбедено паркинг, доколку одите со автомобил. Најчести посети во Солун се прават за време на викендите, продавниците работат до доцна на пладне и нема потреба од брзање.

Освен што ќе направите добар шопинг, имате и други одлични опции. Традиција е на сите зависници од одењето во Солун за шопинг, денот да им почне со едно убаво кафе во некое од многуте кафулиња што ги нуди овој град.

Олеснителна околност е оддалеченоста на ова место и поради тоа може да го посетуваме многу често и да ги користиме сезонските попусти. Патувањето може да го изведеме на неколку начини: со автомобил, автобус или организиран превоз преку некоја од нашите агенции кои ја нудат оваа услуга. Повеќето од нас ја имаат искористено последнава опција за патување бидејќи е доста ефтина.
Убаво е да се знае дека големите продавници се наоѓаат на десната страна од градот и се навистина лесни за пристап со било кое превозно средство.

Во текот на најголемите попусти, Солун го посетуваат луѓе од секаде и нивните искуства се одлични, најчести коментари кои можеме да ги слушнеме и прочитаме како препораки се дека Солун е еден вид на шопинг терапија.

Solun-Grcija-2

Шопингот на ова место претставува задоволсто, изборот на продавници е огромен, има за сечиј вкус по нешто. Солун располага со висококвалитетни продавници за разновидна гардероба како: спортка, брендирана, наменска, елеганта, може секој да се пронајде во овие продавници и секако да се поднови.

Како најголемо и најпосетувано место за шопинг е добро познатиот трговски центар „Космос“. Тој е еден од најголемите трговски центри во Солун, нуди голем избор на брендови за облека, модни додатоци, разновидни обувки.

Во ова место може да најдете и продавници за електроника, сè за компјутери, мобилни телефони, хај-фај системи, канцелариски предмети и многу други интересни знаменитости.

Еден од доста посетуваните е и хипермаркетот „Карфур“, во кој може да најдете сè – од храна до апарати за домаќинство. Овој маркет од неодамна го имаме и во Скопје.

Секој од нас знае каде треба да се упати доколку сака да го уреди својот дом беспрекорно и секако тоа да биде доста ефтино и квалитетно. Станува збор за едно од најпознатите места за шопинг, „Икеа“, која располага со квалитетен шведски мебел со беспрекорен дизајн и достапни цени. Освен за добар шопинг, ова место ќе ве освои и со преубавата архитектура и со тоа ќе сакате да се вратите повторно и повторно.

Ние како Kupinapopust.mk, нудиме супер промотивни понуди со одличен попуст за патување и шопинг во Солун.

Промотивен текст


02/3215-988 | 02/3256-027 | contact@kupinapopust.mk