Top

„RED BULL“ организира глобален студентски натпревар во шкртање

redbull-team-iLike-mk

Во текот на мај и јуни, студентите од Македонија ќе се натпреваруваат во шкртање, а победникот на натпреварот ќе ја претставува нашата земја на светската изложба на Red Bull Doodle Art во Кејптаун, Јужна Африка.

red-bull-doodle-art-iLike-mk

Паметот ти лета, предавањето е веќе завршено, а наместо белешки, ти во тетратката имаш еден куп шкртаници? Тогаш, ова е вистинската работа за тебе!

Најкреативниот натпревар се враќа во 2014-та, но овој пат го крева шкртањето на едно потполно ново ниво! Сега опфаќа 40 држави и за прв пат во својата историја кулминира со глобална изложба, на која најдобрите од целиот свет ќе имаат можност да се претстават со своите цртежи.

За да учествуваш, земи гo пенкалото, ослободи го умот и нашкртај нешто, а потоа прикачи го твоето уметничко дело на redbulldoodleart.com во online галеријата. Сите кои сакаат да учествуваат, можат да се пријават најдоцна до 29-ти мај, на полноќ, а потоа следи гласањето кое ќе започне на 30-ти мај во 12:00 часот, а ќе трае до 3-ти јуни, на полноќ. Дваесетте финалисти, чии цртежи ќе добијат најмногу „лајкови“, ќе учествуваат на изложбата. Оваа година изложбата ќе биде организирана во Градскиот парк, во склоп на Skopje Street Festival. Жирито, составено од модната блогерка Јована Зука, графичкиот илустратор Ind.o.g и втората половина од Ани и Дими – фотографот Димитар Петровски, на 7-ми јуни ќе ја додели титулата за најдобар шрктач. Вредни Apple награди ќе добијат и второ и трето пласираниот цртеж.

Жири: Ind.o.g, Јована Зука и Дими

Жири: Ind.o.g, Јована Зука и Дими

Дознај повеќе за натпреварот на redbulldoodleart.com и не заборавај да притиснеш attending на фејсбук. Сподели и ти со светот каде ти лета паметот!

Промотивен текст