Top

Дизајнерско модно шоу во „Lotus Design Store“

Lotus-Design-Store-Logo-iLike-mk

На 29 Април, Среда, во концептуалната продавница за македонски дизајн „Lotus Design Store“, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи дизајнерско модно.

Љубителите на домашниот дизајн ќе имаат можност да ги проследат перформансите на веќе реномирани македонски дизајнери, кои се дел од концептуалната продавница, лоцирана во Skopje City Mall, на вториот кат која наскоро ќе прослави и една година од отварањето. Година во која македонските дизајнери подржани од „Lotus Lounge Chair“ вложија голем труд за да се покрене свеста за купување македонски дизајн.

На најавеното дизајнерско шоу свое излагање со ексклузивните пролет-лето колекции ќе имаат дизајнерите Елена Спасовска, Драган Христов – Лудус, Марта Мирова- 4 Сезони и Леуарт Лека.

Драган Христов препознатлив со својот бренд Лудус ќе ја претстави експерименталната колекција „Орландно“, која е резултат од истражувањето на АГЕНДЕР-БЕЗРОДОВА облеката.

Дизајнерката Марта Мирова и нејзиниот бренд „4 Сезони“ се веќе 8 месеци дел од концептуалната продавница. На дизајнерското шоу ќе ја промовира пролет-лето колекцијата „Мирис“. Инспирирана од сезонските сензуални мириси, кој особено во пролет неодоливо не обземаат и заведуваат.

Марта вели:

Овие мириси конвертирани во лелеави форми на неодолива женска силуета, ќе направат една жена да биде еден цвет и да совршено се вклопи со мирисот околу.

На ова модно шоу ќе дебатира и дизајнерот Леуарт Лека. Неговата прва колекција го носи името „Limited Urban“. Младиот дизајнер ни открива дека главната идеа за колекцијата е да го доближи карактерот на урбаното преку креациите. За колекцијата користи елементи од метал, но и покрај екцентричнот спој на метал и текстил, самиот крој парчињата ги прави носливи и прифатливи.

Со моден перформанс шоуто ќе го затвори дизајнерката Елена Спасовска, со колекцијата „Математика“. За нејзе креирањето на една колекција е математички процес, кој вклучува изработување на пресметани точни кројки и создавање на тродимензионални форми од нив.

Елена изјавува:

Мојата колекција вклучува дизајни со строги геометриски форми и линии, застапени се црната и белата боја, додека линијата, кругот и коцката го имаат главниот збор. Материјалите се природни, лесни и наменети за топли денови. Моделите се носливи и наменети за девојки со јасно изразен став во општеството.

Колекциите пролет-лето 2015 кои ќе бидат промовирани на ова дизајнерско шоу, заедно со колекциите на Росица Мршиќ, Ирина Тошева и Куфер на Андријана Динева уште следниот ден ќе бидат достапни за купувачите во „Lotus Design Store“ во Скопје Сити мол на вториот кат.


070 663 400 | 070 382 902 | hello@lotusgeneration.com