Top

За нас

iLike.mk е еден од најпопуларните забавни сајтови во македонскиот онлајн етер. Сајтот започна со работа на 01.09.2010 година и за експресно брзо време се вброи во редот на најпосетуваните сајтови во Република Македонија.

Содржините што го привлекуваат вниманието на јавноста се постојано актуелни, единствени според содржина и форма какви што македонскиот интернет корисник досега речиси и да не сретнал на домашниот онлајн медиум. Уникатниот концепт во согласност со избраните теми од областа на уметноста, технологијата, архитектурата, дизајнот, спортот, науката и модата предизвика очекуван број на поситители, пред сѐ млади и урбани луѓе.

Мисијата на iLike.mk е да предизвикува поголема возбуда и да ја „храни“ својата публика со свежи, оригинални содржини и нови урбани и културни трендови. Впрочем, со актуелноста и занимливоста на содржините, како и со ажурноста на опслужување на публиката на iLike.mk најдобро би запознале самите со едноставно прелистување на интернет страницата.