Top

TEDx

TED (TED на англиски за Технологија, забава и дизајн) е светски збир на конференции чиј куратор е американската приватна и непрофитна фондација Саплинг, а се формирани со цел да ги шират „идеите вредни за споделување“. Од јуни 2006 преку TED.com[1] презентациите се достапни за бесплатно гледање на Интернет под лиценца на Криејтив комонс. Од јули 2010 преку 700 говори се достапни на Интернет. До јануари 2009 имале 50 милиони гледања. Во јули 2010 гледањата се искачиле до 290 милиони и сѐ уште привлекуваат глобална публика.

TED е формиран во 1984 година како еднократен настан, а конференцијата почнува годишно да се одржува од 1990 година во Монтереј, Калифорнија. Почетниот фокус на ТЕД воглавно беше технологија и дизајн во согласност со гравитирањето кон Силиконската долина. Настаните денес се одржуваат во Лонг Бич и Палм Спрингс во САД како и во Европа и Азија. Од настаните има пренос во живо на интернет. Сега на нив се разработуваат сѐ поголем број на теми од истражувањата и практиката од науката и културата. Говорниците имаат максимум 18 минути за да ги презентираат своите идеи на најиновативниот и највклучувачки начин што можат. Некои од досегашните говорници се Бил Клинтон, Џејн Гудал, Малком Гледвел, Ал Гор, Гордон Браун, Ричард Докинс, Бил Гејтс, основачите на Гугл Лери Пејџ и Сергеј Брин и многу добитници на Нобелова награда.[3] Моменталниот куратор на конференцијата е поранешниот британски компјутерски новинар и издавач Крис Андерсон.

Од 2005 до 2009, три ТЕД награди вредни $100.000 се даваат годишно за да им се помогне на добитниците во остварувањето на нивната желба за промена на светот. Од 2010, со променет процес на избор, се избира единствен победник со цел ТЕД да може да ги максимизира своите напори во остварувањето на желбата. Секој победник ја открива својата желба на главната годишна конференција.

Извор: Википедија