Top

Неделен хороскоп (18.10.2021 – 24.10.2021)

horoskop-625-200

Овен
Морате да се контролирате доколку сте напнати. Конечно, можете да земете здив, Ве очекува период на одморање и релаксирање. Проблемот е во тоа што не знаете за која варијанта да се определите. Честата промена на расположението е придружена со депресија.

Бик
Тешко Ви е да ја прифатите стварноста, која не ги исполнува Вашите очекувања. Доколку сакате да постигнете професионален успех, жртвите се неминовни. Во почетокот нема да Ви биде лесно, но стрпете се, па ниту успехот нема да изостане.

Близнаци
Иако сте опкружени со голем број луѓе, преферирате да бидете сами. Мудро влегувате во нови професионални потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува, тој добива. Бидејќи не умеете на вистински начин да ја трошите енергијата, можни се здравствени проблеми.

Рак
Импулсивни сте и реагирате во афект. Се појавија проблеми на професионален план. Доколку се трудите да им помогнете на другите, не заборавајте на себе. Можни се проблеми со црниот дроб и панкреасот, но не е исклучена можноста и за појава на камен во жолчната кеса.

Лав
По многуте проблеми влеговте во мирен период. Можно е, конечно, да добиете унапредување што доцни веќе долго време. Ако се земе предвид дека убавите работи стигнуваат во вистинско време, убаво сте расположени. Бевте загрижени т. е. хипохондрични.

Девица
Влеговте во период исполнет со среќа и убави моменти. Од одредена ситуација очекувате многу, па затоа и може да се разочарате. Или многу работите или сте без работа. Со соработниците работите не стојат најдобро.

Терезија
Се чувствувате болно и се’ што се случува околу Вас го доживувате емотивно. Убаво Ви тргна, но ништо од финансиите. Вложувате многу напор за да успеете, ама не Ви успева. Доколку се јават стомачни проблеми, обратете се на лекар.

Скорпија
За чудо, не Ви е лошо, сите околу Вас се нервираат, а Вие сте студени. Размислувате како да дадете отказ и да тргнете во акција и да почнете отпочеток. Сметате дека сте неадекватно наградени за својот труд. Чувајте се од промени.

Стрелец
Сакате да се наметнете во нешто за што не сте способни. Некои од соработниците ќе Ве закочат веднаш штом ќе тргнете во акција. Проблемите со здравјето се врзани за неконтролирано внесување храна. Слаба точка на организмот се стомакот и жлездите со внатрешно лачење.

Јарец
Романтично сте расположени. Бидејќи слободното време го минувате во друштво, убаво се чувствувате. Не сте задоволни од работата со која се занимавате, особено ако таа се сведе на рутина. Имате страв од лекари, бидејќи се плашите дека сте сериозно болни.

Водолија
Ситуацијата од Вас бара трпеливост. Чувајте се од провокации и импулсивност. Немојте да ги лутите луѓето од кои зависи остварувањето на Вашите професионални амбиции. Поради нешто мора да се жртвувате, затоа сте нервозни, а тоа се одразува на здравјето.

Риби
Се наоѓате во период кој од Вас бара приспособување на околностите. Размислувате за преселба, но влеговте во мирен период. Ќе бидете во ситуација да им помогнете на помалку успешните соработници, а се’ поради остварувањето заеднички интереси.