Храната која секојдневно ја консумираме влијае врз здравјето на нашето тело, кожата и косата. Современиот начин на живот и јадењето брза храна во голема мера ја забавуваат работата на метаболизмот. Токму затоа, потребно е да консумирате нешто што ќе го разбуди метаболизмот, а истовремено изобилува со витамини, минерали и амино-киселини. Во продолжение следи рецептот за едноставна подготовка на фрапе кое би можеле да го консумирате наутро или како меѓуоброк.
Потребни состојки:
– 1½ шолја вода
– зелена салата
– 2-3 стебленца целер
– 200g спанаќ
– 1 јаболко
– 1 круша
– 1 банана
Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека смесата не се соедини.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!