Top
brokula_iLike.mk

Зеленчуци кои успешно го победуваат целулитот

Во борбата со целулитот најважнo пред сѐ е здрава и правилна исхрана богата со салати. Речиси невозможно е да погрешите со изборот на зеленчук, но сепак постојат 3 плодови кои двојно побрзо ќе го победат целулитот под кожата.

Сладок компир
Слаткиот компир е еден од најстарите, најхранливи и најздрави зеленчуци. Содржи калиум, витамин Ц и Е и бета каротен. Тој е одличен антиосиданс, ја подобрува циркулацијата и ги елиминира токсините, а тоа се двете најважни работи кои ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот.

Брокула
Oдличен борец против целулитот од 3 причини. Прво: содржи киселина која помага против стврднувањето на колагенот. Второ: претставува концентриран извор на витамин Ц и диетални влакна. Tрето: брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, кој е одличен борец против целулитот.

Прокељ
Овие мали топчиња ги нарекуваат и „таблети“ против целулитот. Освен витаминот Ц, прокељот содржи супстанци кои ги исфрлаат штетните материи од телото, а воедно и го враќа квалитетот на колагенот, заради што кожата е поеластична и поздрава.

Забелешка: oвие зеленчуци се најздрави варени на пареа. Само така ќе ги сочувате максималните здравствени вредности.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>