Top
Природен допинг: сок од цвекло

Сокот од цвекло како природен допинг

Цвеклото е најпознат природен лек за слабокрвност, детоксикација на организмот и зголемување на имунитетот. Освен тоа, овој зеленчук е популарен кај спортистите бидејќи дејствува како природен допинг. За да можете физички да издржите напорен тренинг или да истрчате некој километар на стаза без да останете без здив, треба да внесете одредени хранливи материи. Ова го потврдуваат резултатите од британско истражувањето кое било спроведено на млади, здрави испитаници кои секојдневно консумираат свежо цеден сок од цвекло и ги издржуваат напорните тренинзи 16% подолго време од оние кои не консумираат цвекло. Нивните тренинзи биле помалку заморни, крвниот притисок им бил понизок и пулсот постабилен. Редовното пиење половина литар сок од цвекло го намалува крвниот притисок и влијае врз мускулната издржливост.

Во продолжение следува рецепт за вкусен сок од цвекло, подготвен со исклучиво природни состојки.

За подготвка на овој сок се потребни:
– 1кг цвекло
– 1 голема лажица мед
– сок од еден лимон

Цвеклото излупете го и изрендајте го. Додадете ги медот и сокот од лимон и оставете ја смесата да стои 3 часа. Сокот процедете го со ситна цеделка.
Од овој сок пијте по една чаша наутро на гладен стомак.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>