Доколку немате идеја, а сакате да подготвите ручек дома, еве брз рецепт.
Потребни состојки:
неколку парчиња брокула
400g златна мешавина
200g рендан чаден пилешки стек
4 јајца
100g рендан кашкавал
10 лажици лебни трошки
1 лажица сенф
оригано
вегета
сол
Подготовка:
Златната мешавина ставете ја да се вари. По 15 минути, запржете ја на малку масло, додавајќи ги зачините и сенфот. По неколку минути тргнете ја смесата од оган. Во тава, ставете ги лебните трошки, златната мешавина и изренадниот чаден пилешки стек. Посолете и ставете да се печи во загреана рерна. Брокулата ставете ја во врела вода на оган околу десетина минути. При крај на печењето, изматете ги јајцата и измешајте ги со смесата, наредете ја брокулата, а врз неа ставете го ренданиот кашкавал.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!