Top

Зеленчуци кои ги топат масните наслаги

Ако сакате да се ослободите од масните наслаги, во своето дневно мени треба да ги внесете овие видови зеленчук.

Брокула
Брокулата содржи само малку калории и масти, богат е со хранливи влакна и протеини и ви помага подолго време да бидете сити. Освен што е добар избор за слабеење, брокулата содржи и антиоксиданси кои го регулираат нивото на холестерол во крвта, одлична е за здравјето на коските и срцето, а го намалува и крвниот притисок.

Зелка
Богата со витамини и минерали, преку процесот на ферментација зелката добива својство на пробиотик и така ја регулира работата на органите за варење и го забрзува метаболизмот.

Карфиол
Јадењето карфиол во текот на диетата е идеален избор, затоа што овој зеленчук го забрзува метаболизмот. Во 100g карфиол има само 25 калории, а бидејќи е богат со хранливи влакна, го регулира и апетитот.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *