Top
emocii

Емоции кои носат сериозни здравствени проблеми

Алтернативната медицина истакнува дека негативното размислување и чувства се причината за многу болести.

Лутина
Лутината и нервозата се силни емоции кои се манифестираат преку зголемениот крвен притисок, кој предизвикува силна главоболка и вртоглавица. Некои студии велат дека тие се поврзани со прикриен бес и забавена работа на црниот дроб, кој е одговорен за исфрлање на токсините од телото. Колку е поголем изливот на бес, толку повеќе се губи и апетитот а се создаваат и проблеми со варењето на храната.

Шок
Неочекувано раскинување на врска, добивање отказ или смрт на блиска личност се исклучително емотивни доживувања кои предизвикуваат телесен шок со видливи последици на организмот. Шокот предизвикува пораст на адреналинот кој може да го ослабне срцето, а повеќечасовната изложеност може да доведе до сериозни проблеми во телото. Во екстремни ситуации неопходно е да побарате и лекарска помош.

Страв
Стравот предизвикува значително големување на потребата за мокрење што е основна телесна функција поврзана со работата на бубрезите. Долготрајната изложеност на страв предизвикува забавена работа на овие органи.

Тага
Тагата доведува до плачење, кратко испрекинато дишење и физички замор. Долготрајната изложеност на оваа емоција ја ослабува работата на белите дробови.

Грижа
Луѓето кои многу се грижат често имаат проблем со варењето на храната, а поретко и одредени хронични проблеми на гастроинтестиналниот систем. Некои истражувачи ја поврзуваат опсесивната грижа со големата веројатност за добивање чир на желудник.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>