Top
green-smoothie

Со зелен пијалок против лошиот здив

Лошиот здив е една од најлошите непријатности со кои се соочуваме во секојдневието. Го причинуваат многу фактори, меѓу кои се вбројуваат лоша храна, лошо варење на храната во желудникот, недоволна орална хигиена и многу други. Но, постои природен начин на кој можете да се решите од овој непријатен проблем.

Еден од најпознатите зачини, циметот, содржи есенцијални масти кои ги елиминираат бактериите од грлото, кои често се причина за лош здив. Лимонската киселина го неутрализира остатокот од храната кој се задржува дури и после миењето заби. Спанаќот и магдоносот го елиминираат лошиот здив благодарение на хлорофилот кој ги уништува бактериите и го нормализира гастроинтестиналното здравје. Мешавината на овие неколку состојки, со мед како додаток, многу брзо ќе ви помогне да се решите од лошиот здив.

За подготовка на овој зелен пијалок потребни се следниве состојки:
– 1 лимон
– ½ лажица цимет
– 1½ лажица мед
– 100g спанаќ
– магдонос
– 50ml топла вода

Подготовка: Во блендер измешајте ги спанаќот и магдоносот, потоа додадете ги лимоновиот сок и топлата вода. Сето тоа измешајте го и на крај додадете ги циметот и медот. Пијалокот пијте го наутро, на празен стомак. Освен наутро, пијалокот може да го пиете и после ручек.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *