Независно од тоа што работите и кое годиште сте, многу е важно како го започнувате денот. Пиењето чаша млака вода со пола цеден лимон е утрински ритуал кој ќе го подобри вашето здравје во значителна мера.
- Ја балансира рН вредноста
- Го хидрира лимфниот систем
- Помага при варење на храната
- Го зајакнува имунитетот
- Претставува природен диуретик
- Ја чисти кожата
- Помага при слабеење
Иако содржи лимонова киселина, лимонот има алкална база и не резултира со киселост во телото.
Овозможува да го започнете денот рехидрирани. Кога организмот е дехидриран, не може правилно да ги извршува своите функции, што доведува до натрупување на токсини во телото, стрес и запек.
Го стимулира дигестивниот тракт, ја подобрува способноста на телото да апсорбира хранливи материи, и содржи витамини и минерали кои помагаат при ослободување на токсините.
Лимонот е богат со витамин Ц и калиум. Тоа значи дека помага при настинки, го регулира крвниот притисок и ги стимулира мозочните функции.
Помага да ги исфрлиме непотребните материи бидејќи ја зголемува потребата за мокрење, па на тој начин се ослободуваме многу побрзо од токсините.
Витаминот Ц помага при намалување на борите и неправилностите на кожата. Го прочистува целиот организам, а со тоа и кожата.
Лимонот има големо количество на пектин кој помага во потиснување на апетитот, а со тоа помага во намалување на килограмите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!