Top
Цимет

Зачини кои помагаат во намалување на тежината

Сенфот, ѓумбирот, биберот, циметот и црвениот пипер се петте научно докажани зачини кои ги топат килограмите. Во продолжение куси информации за секој од нив:

  • Цимет
    Студија објавена во магазинот „Diabetes Care“ покажала дека само една кафена лажичка цимет дневно го намалува нивото на шеќер во крвта и влијае брз преработката на јагледни хидрати. Исто така, може да го намали нивото на холестерол за цели 25%. Но, не претерувајте со циметот. Една до две кафени лажички на ден ќе бидат сосема доволни бидејќи циметот содржи кумарин – состојка која може да го оштети црниот дроб ако се конзумира во големи количини.
  • Црвен пипер
    Главната состојка на црвениот пипер е капсаицин кој има термогенски ефект што значи дека го стимулира централниот нервен систем да ја покачи телесната температура со што се зголемува согорувањето на калории. Некои студии покажуваат дека капсаицинот всушност го намалува апетитот, а добри вести ги очекуваат и оние кои не се љубители на лутата храна. Имено, капсаицинот е подеднакво ефективен ако се внесува во облик на капсули.
  • Црн бибер
    Биберот е еден од најчесто користените зачини. Има неколку облици на благотворно дејство на организмот, а еден од нив е поврзан со губењето килограми. Основната состојка на биберот е пиперинот кој во текот на неколку часа по конзумирањето го зголемува топењето на масти за 8%.
  • Сенф
    Сенфот, исто така, има термогенски ефект кој влијае на поголемо согорување на калориите. Истражувачи од Оксфорд утврдија дека со конзумирање на сенф може да согорите околу 50 калории од оброк со 700 калории.
  • Ѓумбир
    Ѓумбирот е познат како растителен диуретик односно супстанца која го поттикнува исфрлањето на урината од организмот, а исто така позитивно влијае на процесот на варење така што помага храната полесно да патува низ дигестивниот тракт.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>