Top
Ovoshje-i-zelenchuk-iLike-mk

Со храна исфрлете го никотинот од телото

Ако сте страствени пушачи и не можете да ги оставите цигарите, тогаш помогнете му на телото на природен начин да се ослобод од никотинот.

БРОКУЛА
Пушењето ја намалува количината на витамин Ц во телото. Токму брокулата е богат извор на витамини Ц и Б5. За да ги намалите негативните ефекти од никотинот, задолжително консумирајте брокула. Таа помага и во намалување на тежината, а и одлична е за трудници.

ПОРТОКАЛ
Сокот од портокал е еден од најбогатите извори на витамин Ц. Редовното јадење портокал ја забрзува работата на метаболизмот и ослободува од стрес.

СОК ОД МОРКОВ
Никотинот останува во телото цели три дена после пушењето цигари. Тој ја оштетува кожата, а сокот од морков кој е богат со витамини А, Ц, К и Б, помага во исфрлање на никотинот од организмот.

ЗЕЛЕНЧУК СО ЗЕЛЕНИ ЛИСТОВИ
Спанаќот е темно зелен зеленчук кој е богат со витамини и фолна киселина. Тој се препорачува и за трудниците кои не можат да ги остават цигарите.

КАЛИНКА
Таа помага во циркулација на крвта и го зголемува бројот на крвни клетки во телото. Калинката е одличен начин да ја намалите потребата за никотин во телото.

КИВИ
Кивито е богато со витамин А, Ц и Е. Пушењето предизвикува недостаток од овие витамини во организмот, а кивите ги надоместуваат.

ВОДА
Пушењето цигари доведува до дехидратација. Според многу истражувања, конзумирањето вода може да ви помогне да се откажете од пушење и ќе се намали застапеноста на никотин во телото.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>