Top

Пијалок кој ќе ги стопли студените зимски ноќи

Во текот на студените зимски ноќи секој од нас посегнува по топол пијалок со кој ќе се стопли. Токму таков е и овој пијалок со неодолив мирис, кој ќе ви пружи големо задоволство.

Традицијата за пиење на варено вино потекнува од Северна Европа, каде почнало да се консумира уште во Средниот век. Од Шведска, преку барбарските племиња, овој напиток се проширил во Римското царство, а потоа и во нашите краеви.

Рецептот за варено вино е следен:
1l црвено вино
200-300ml вода
150g шеќер
8 парчиња каранфилче
1 стапче цимет

Подготовка:
Циметот, каранфилчето и шеќерот се ставаат во вода и се варат додека не испари половина од водата. Потоа се додава виното и истото се грее до вриење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *