Top
penlivo-vino

Зошто треба да пиете пенливо вино?

Пенливото вино најчесто се консумира кога ќе се спојат сказалките на часовникот и кога доаѓа новата година. И најчесто истото го забораваме до следниот дочек на нова година. Пенливото вино има неколку благодети врз човечкото здравје, поради кои треба да се консумира почесто.

За здраво срце
Пенливото вино може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар, бидејќи изобилува со растителни полифеноли, силни антиоксиданси кои го намалуваат крвниот притисок.

За убава кожа
Јаглеродниот диоксид ја прави кожата цврста, а веќе споменатите полифеноли го намалуваат црвенилото. Направете смирувачка купка од една шолја млеко во прав, половина шолја сол за капење, една шолја пенливо вино и една лажица загреан мед. Оваа мешавина додадете ја во кадата полна со вода.

Го подобрува расположението
Ако го консумирате умерено, пенливото вино делува смирувачки и го поправа расположението. Вкусот на меурчиња совршено се дополнува со морска храна и заедно позитивно влијаат врз расположението.

Не дебелее
Во 100ml пенливо вино се кријат само 80 калории што го прават еден од алкохолните пијалоци со најмалку калории.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>