Top
cizkejk

Чоколаден чизкејк со совршен вкус

Без разлика дали сакате да се почестите сами или пак да подготвите за некој друг, овој чоколаден чизкејк е одличен избор за десерт.

Состојки за тесто:
– 150gr бисквити
– 100gr путер
– 1 чајна лажичка шеќер во прав

Крем:
– 300gr чоколадо за готвење
– 200 gr крем сирење
– 200 gr урда
– 200gr шеќер во прав
– 200gr хопла

Подготовка:
Бисквитите треба да се измелат и помешаат со растопениот путер и шеќерот во прав. Обложете калап за торта со хартија за печење и на неа ставете го ова тесто. Со миксер изматете ја хоплата, додадете ги сирењето и урдата, па шеќерот во прав и стопената чоколада (треба да биде изладена). Добро изматете ги овие состојки и добиената смеса ставете ја врз тестото од бисквити. Оставете го чизкејкот неколку часа во ладилник. Можете да го украсите со растопено чоколадо или пак со овошен прелив.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>