Top
mafini

Вкусни мафини со лимон и ким

За мафини постојат многу различни рецепти, како за благи, така и за солени. Овој пат ние ви презентираме рецепт за вкусни мафини со лимон и ким. Најважно од сѐ е што нивната подготовка е многу брза и лесна.

Потребни состојки за 12-15 мафини:
– 200g брашно
– 150g шеќер
– 3 лажици ким
– 3 кафени лажички прашок за печиво
– 115g путер
– 2 јајца
– 150g павлака
– 1 лажица екстракт од ванила
– прстофат сол
– 3 лимони

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220°C. Најпрво стопете го путерот. Потоа во еден сад помешајте брашно, шеќер, ким, прашок за печиво и сол. Во стопениот путер додадете сок и кора од лимоните. Потоа додадете ги јајцата, павлаката, екстрактот од ванила и промешајте со жица за матење. Овие состојки додадете ги во сувите состојки и матете додека смесата не се соедини. Смесата треба да биде густа. Прво печете 5 мин на 220°C, а потоа 10-13 минути печете на 190°C.

По желба мафините можете да ги прелиете со глазура од шеќер во прав и сок од лимон. Помешајте 4-5 лажички шеќер во прав со 2 лажици лимонов сок. Ако смесата е сува и не можете да ја помешате, додадете уште малку сок од лимон. Глазурата треба да биде густа како мед. Прелијте ги мафините со оваа смеса и оставете да се исуши и стврдне.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>