Веќе подолго време постојат две спротивставени страни кога се зборува за чоколадо. Едната страна вели дека чоколадото е здраво, додека оние другите сосема се спротивставуваат на првите. Но, во последниве неколку години се направија многу студии чии резултати ќе им се допаднат на зависниците од чоколадо. Во продолжение прочитајте ги придобивките од консумирањето чоколадо.
Го намалува ризикот од срцев удар
Една шведска студија покажала дека луѓето кои јадат повеќе од 45g чоколадо во текот на една недела, имаат околу 20% помали шанси за срцев удар во однос на оние кои консумираат помалку или воопшто не консумираат чоколадо.
Ја подобрува работата на срцето
Оние кои секојдневно консумираат чоколадо имаат понизок крвен притисок, пониско ниво на холестерол, а и помали шанси за развој на кардиоваскуларни болести.
Чоколадото заситува
Кога немате доволно време за квалитетен оброк, наместо да купувате некој сендвич кој има безброј маснотии, можете да изедете едно темно чоколадо. Тоа е многу поздрав сојузник на организмот, а и заситува.
Помага во борбата против дијабетес
На оваа тема, една италијанска студија покажува дека редовните консументи на чоколадо и чоколадни десерти се почувствителни на инсулин (тој е поделотворен), со што се намалува ризикот од дијабетес.
Ја штити кожата
Темното чоколадо содржи антиоксиданси наречени флавоноиди, кои овозможуваат еден вид заштита од УВ зрачење. Освен тоа, темното чоколадо е добро и за срцето.
Чоколадо против кашлање
Ако не можете да го запрете кашлањето, каснете 2-3 коцки чоколадо. Состојката наречена теобромин, која ја содржи чоколадото, ја намалува активноста на нервите кои во мозокот се одговорни за активирање на кашлањето.
Го подобрува расположението
Според американско истражување, со кое ќе се согласи секој љубител на чоколадо, консумирањето чоколадо позитивно влијае на нашето расположение. Луѓето кои консумираат чоколадо помалку се изложени на стресови, а и кај нив има многу помал ризик од развој на депресија.
Влијае на будноста
Состојката флавоноид, која ја содржи чоколадото ги одржува луѓето будни, а во голема мера влијае на нивната концентрација.
Го подобрува видот
Несомнено е дека консумирањето на чоколадо ја подобрува крвната слика, а неодамнешното американско истражување покажало дека многу позитивно делува и на внатрешната обвивка на окото која содржи видни клетки.
Сега имате причина плус да каснете еден ред чоколадо, нели?
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!