Top
portokal

Витамински пијалак против лош здив

Ако постојано водите грижа за хигиената во устата, а и понатаму ве мачи лошиот здив, пробајте го и овој пијалак. Станува збор за вода со додатоци на овошје кое изобилува со витамин Ц. Овој витамин ја зголемува киселоста во устата и на тој начин ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:
– 2l природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета

Измијте го овошјето, излупете го и исечете го на ситни парчиња. Прелијте го со лимоновиот сок и вода и оставете го во ладилник околу еден час. Послужете го со коцки мраз и ливчиња мента, кои исто така го отстрануваат лошиот здив.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>