Секоја домаќинка си има неколку вкусни рецепти кои ги чува како тајна. Меѓу специфичните рецепти кои тешко се погодуваат на вкус е токму оној за крофни. Ние денес ви презентираме вкусен рецепт кој според многумина е најблизок до оригиналниот, а истиот гарантира сочни крофни кои не впиваат многу масло.
Состојки:
– 1kg брашно
– 2 јајца и 2 жолчки
– ½ шолја шеќер
– 1 мала лажичка сол
– 2 ќесички ванилин шеќер
– ½ ќесичка прашок за печиво
– рендана кора од лимон
– 1 мала лажичка ракија
– 100ml масло
– 500ml млеко
– 1 коцка свеж квасец
Подготовка:
Најпрво загрејте 100ml млеко, а потоа додадете 1 лажичка шеќер, 1 лажичка брашно и свежиот квасец и оставете да нарасне. Пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и солта, а потоа додадете го брашното и печивото. Додадете ги маслото, ренданата кора од лимон и ракијата, а потоа и смесата со квасецот. На крај додадете го и остатокот од млекото, 400ml и ванилиниот шеќер. Добиената смеса оставете ја да кисне, се додека двојно не се зголеми. Потоа расукајте кора со дебелина 1cm. Со калап или чашка исечете кругови. Откако ќе го искористите целото тесто, оставете ги формите да нараснат прво од едната, а потоа и од другата страна. Така подготвените крофни ставете ги да се пржат во жешко, но не прегреано масло. Со шприц за готвење наполнете ја внатрешноста на крофните со мармалад или крем.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!