Top
Vege-pizza-iLike-mk

Вегетаријанска пица со печурки и млад кромид

Денес ви предлагаме да подготвите вкусна вегетаријанска пица со печурки и млад кромид. За подготовка на истата ќе ви бидат потребни околу 40 минути.

Потребни состојки за тестото:

  • 250 мл. млеко
  • свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кг. бело брашно
  • 2 јајца
  • 400 мл. јогурт
  • маслиново масло
  • сол

Од состојките се замесува тесто и се остава да отстои 2 часа во ладилник.

Потребни состојки за филот:

  • Доматно пире
  • Печурки
  • Млад кромид
  • Пиперки
  • Кашкавал
  • Сусам (по желба)

Постапката на подготовка на пицата е прикажана на сликите во продолжение.

Потребни состојки за веге-пица со печурки и млад кромид

Потребни состојки за веге-пица со печурки и млад кромид

Чекор 1: Го размесувате тестото

Чекор 1: Го размесувате тестото

Чекор 2:  Тестото го премачкувате со доматно пире

Чекор 2: Тестото го премачкувате со доматно пире

Чекор 3: Исецканите печурки ги ставата врз тестото

Чекор 3: Исецканите печурки ги ставате врз тестото

Чекор 4: Го нанесувате изренданиот кашкавал

Чекор 4: Го нанесувате изренданиот кашкавал

Чекор 5: Печете 20-тина минути на температура од 200 степени

Чекор 5: Печете 20-тина минути на температура од 200 степени во претходно загреана рерна

Чекор 6: Завршувате со ситно сецкан млад кромид

Чекор 6: Завршувате со ситно сецкан млад кромид

Добар апетит!

Автор: Давор Панчевски




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>