Top
mlad-kromid

Зошто да јадете млад кромид?

Младиот кромид престатавува богатство на вкусови, многу хранливи материи и приспособливост на различни почви и клими.

Младиот кромид е вистинско богатство на важни хранливи состојки. Содржи значајна количина на витамини А и Ц, а особено витамин К. Исто така содржи витамин Е и Б витамини. Од минерали содржи калциум, калиум, железо, натриум, сулфур, фосфор, хром, магнезиум и некои вредни и ретко присутни во секојдневната исхрана, селен, манган, флуор и кобалт. Кверцентинот е уште една многу важна состојка. Тој е силен антиоксиданс и има антивоспалително дејство. Богат број на растителни влакна и како и повеќето видови свежа храна, младиот кромид во сурова форма има многу повисока хранлива вредност и помоќен ефект од термички обработениот. Сепак, со кратко неколку минутно готвење нема да изгубите значително од неговите благодети. Хранливата вредност во листовите е побогата дури и од таа во главицата. Корисен е за превенција и лекување на многу здравствени проблеми, почнувајќи од болки во грлото или настинки до посериозни како што се срцеви или канцерогени заболувања.

• Го чува здравјето на очите.

• Ги чува забите и коските.

• Го подобрува варењето на храната.

• Ги намалува воспаленијата.

• Придонесува за младешкиот изглед.

• Спречува рак.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>