Top
Тијана Дапчевиќ

Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2014

Македонската Радио Телевизија во Дневникот во 17 часот ја претстави Тијана Дапчевиќ како наш претставник на „Евросонг 2014“ кој ќе се одржи во Данска.

Тијана најави спектакуларен настап и очекувања за добар пласман со голем број на 12-ки од земјите на Балканот – Србија, Босна, Црна Гора и Хрватска каде што таа е популарна.

Инаку, Тијана веќе 20 години е активна на музичката сцена во Македонија и надвор од неа. Таа е дипломиран музичар, зад себе има пет студиски албуми, а се занимава и со водителство и актерство.

Тијана, со среќа!

Тијана Дапчевиќ


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>