Мадона е најплатената позната личност според Форбс. Минатата година поп кралицата заработила неверојатни 125 милиони американски долари. Нејзината турнеја насловена како „МДНА“ генерирала вкупни приходи од 300 милиони долари. Овој факт само ја потврдува моќта на 55-годишната пејачка.
На второто место се најде режисерот Стивен Спилберг со заработка од 100 милиони долари, а пак на третото место го делат авторката на „50 нијанси на сиво“, Е. Л. Џејмс и Сајмон Коел со заработка од 95 милиони американски долари.
На листата се наоѓа и Лејди Гага со вкупна заработка од 80 милиони долари и пласман на 10-то место, како и Опра Винфри на 13-то место со заработка од 77 милиони долари.
Патерсон е најпродаваниот автор на сите времиња.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!