Top
Вентворт Милер

Вентворт Милер од „Prison Break“ изјави дека е хомосексуалец

Вентворт Милер (Wentworth Miller) откри дека е хомосексуалец. Ѕвездата од серијата „Prison Break“ ја откри својата сексуална ориентација во писмо со кое одбива да присуствува на претстојниот филмски фестивал во Русија поради тамошните анти-геј кампањи и Закон.

Благодарам за поканата. Како личност која уживала за време на посета на Русија во минатото, би ме усреќило да кажам да. Но, како хомосексуалец, морам да ја одбијам. Длабоко сум загрижен од сегашниот став и однос кон мажите и жените со хомосексуална ориентација од страна на руската влада. Оваа ситуација не е прифатлива и не можам со чиста совест да присуствувам на свечен настан чиј домаќин е држава каде на луѓе како мене систематски им е скратено правото да живеат и да љубат слободно.

Со ова отворено писмо 41-годишниот актер ја поддржа ЛГБТ популацијата во Русија, а наиде на огромна поддршка.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>