„МелеМ“ е нов македонски бенд кој нуди сосема нов и оригинален звук на домашната музичка сцена. Нивниот прв сингл носи наслов „Звезда“ и е отпеан на руски јазик. Музиката и текстот на темата се дело на момците од бендот, а продукцијата ја потпишува Дејан Јанушев – Скитара. Режисерот Огнен Шапковски, кој е дел од бендот, беше задолжен за видео спотот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!