Влатко Лозаноски го промовираше видеото за својата нова песна „Мандарина“. „Мандарина“ е дело на Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска и Милан Миланов, а видеото го потпишува режисерот Огнен Шапковски.
Младиот пејач вели:
„Мандарина“ е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање, како и во видео записот кој се снимаше во Охрид и Струга.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!