Top

„Магнет“ – Нова песна на Антониа Гиговска

Магнет“ е насловот на најновиот сингл на младата пејачка Антониа Гиговска. Судејќи по коментарите и реакциите, несомнено е дека таа има нов хит!

Музиката и аранжманит се дело на Лазар Цветкоски, кој уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите продуценти на овие простори, а текстот е на Тајзи. Видеото, како и за претходниот музички проект „Магла“, го потпишува Даниел Јовески.

Антониа, по повод новиот проект, на социјалните мрежи напиша:

Се радувам на секој нов проект затоа што работам со многу љубов. „МАГНЕТ“ е песната што ќе се најде на мојот албум „2001“.

Ви благодарам на сите за убавите зборови и критики. Верувам дека и оваа песна како и сите мои останати ќе си го најде својот пат до вашите срца.

Сакајте се ,живејте го животот во еден здив! ♥️




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>