Шпанскиот моден бренд „Desigual“ ја претстави својата најнова колекција наменета за модерни дами со голема доза на самодоверба и многу стил. Колекцијата носи име „Say Something Nice“, а се одликува со јаки бои и впечатливи флорални принтови.
Всушност, линијата претставува фузија на динамичниот медитерански стил и хавајската живописност. Во неа ќе најдете парчиња облека за секакви пригоди, од лежерни маичи и шорцеви до долги фустани и мантили со одличен крој.
Веројатно највпечатлив момент во каталогот е убавата Шантел Браун Јанг од Торонто со витилиго (дамки на кожата поради губење на пигментот).
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!