Top
HB-SS-2015-iLike-mk

„HUGO BOSS“ колекција за пролет-лето 2015

Светот на музиката ги содржи правилните состојки за софистициран и лежерен начин на облекување. „BOSS“ ја гради последната колекција околу оваа инспирација во која формалниот се комбинира со реласкираниот стил на урбана средина. Од половично обрабени до тесно кроени палта – облеката сезонава наоѓа баланс помеѓу строгото и лежерното.

Кроевите се силната страна на „BOSS“, па така и во оваа колекција може да се најдат перфектно скроени одела, а новитет се деконструираните јакни за лежерен, секојдневен изглед. „BOSS“ се надоврзува на оваа идеја со свеж стајлинг – едноставна маица во комбинација со костум го прави изгледот порелаксиран, а застапени се азурно сината боја комбинирана со пригушено бела.

HB-SS-2015-iLike-mk-2

Квадратните форми се среќаваат во горниот дел на облеката, постепено стеснувајќи се во делот на панталоните. Впечатливи парчиња за сезоната се и двобојните кратки мантили, кожни колеџ јакни, како и поло маици од лесен памук. Пепито, дезен во форма на рибина коска и ригите се доста застапени и го прават остриот изглед неочекувано разигран.

HB-SS-2015-iLike-mk-3

01_BOSS_M_SpringSummer15

02_BOSS_M_SpringSummer15

03_BOSS_M_SpringSummer15

04_BOSS_M_SpringSummer15

05_BOSS_M_SpringSummer15

06_BOSS_M_SpringSummer15

07_BOSS_M_SpringSummer15

08_BOSS_M_SpringSummer15

09_BOSS_M_SpringSummer15

10_BOSS_M_SpringSummer15

11_BOSS_M_SpringSummer15

12_BOSS_M_SpringSummer15

13_BOSS_M_SpringSummer15

14_BOSS_M_SpringSummer15

15_BOSS_M_SpringSummer15

16_BOSS_M_SpringSummer15

17_BOSS_M_SpringSummer15

18_BOSS_M_SpringSummer15

19_BOSS_M_SpringSummer15

20_BOSS_M_SpringSummer15

21_BOSS_M_SpringSummer15

22_BOSS_M_SpringSummer15

Карактеристиката по која „BOSS“ мажот најмногу се разликува од останатите е неговата љубов кон извонредни мокасини, направени од антилопска кожа со дополнителен ефект на стара патина.

Богатите, необични комбинации на бои – фламинго розова кошула со панталони во песочна боја и арт деко сина во комбинација со кафена боја внесуваат нов ритам во светот на „BOSS“.

Американските филмски класици од 1950-тите, 1970-тите и 1980-тите години, каде главна тема е патувањето, се инспирација за новата колекција и кампања на „BOSS Orange“ за пролет-лето 2015. Со ефект на замагленост и прав присутна на фотографиите , колекцијата има за цел да ja модернизира и урбанизира оваа тема на колекцијата, комбинирајќи винтиџ елементи и придавајќи им ублажена острина. Време е да почнете да патувате со стил.

HB-Orange-SS-2015-iLike-mk-1

HB-Orange-SS-2015-iLike-mk-2

HB-Orange-SS-2015-iLike-mk-3

HB-Orange-SS-2015-iLike-mk-4

HB-Orange-SS-2015-iLike-mk-5

HB-Orange-SS-2015-iLike-mk-6

BOSS Green“ за пролет/лето 2015 ги комбинира архитектурата и модерните органски форми во спортска, но трендовски актуелна колекција со свежи и силни бои кои ќе Ве внесат во тропско летно расположение. Колекцијата вклучува облека која се карактеризира со едноставна, лежерна елеганција, изразувајќи чувство на слобода за време на топлите сончеви летни денови.

HB-Green-SS-2015-iLike-mk-1

HB-Green-SS-2015-iLike-mk-2

HB-Green-SS-2015-iLike-mk-3

HB-Green-SS-2015-iLike-mk-4

HB-Green-SS-2015-iLike-mk-5

HB-Green-SS-2015-iLike-mk-6




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>