Африка е втор континент по големина во светот, и по површина и по население. Но, и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Површината на овој континент изнесува 30.244.050 километри квадратни и во него има 54 независни држави, како и население од над 800 милиони жители. Овој континент има поволна географска положба затоа што го завзема средишниот дел меѓу останатите континенти во светот.
На Африканскиот континент се наоѓа и најголемата пустина во светот – Сахара, во која живот има само во оазите. Од Европа, Африка е одвоена со Средоземното море и Гибралтарскиот Проток, а од Азија со Црвено море и Суецкиот канал. На африканскиот континент се наоѓа најголемата река на Земјата, Нил, која е долга 6.695 километри.
Што се однсува до релјефот, просечната надморска височина на Африка е 650 метри. Една третина од површината зафаќа пустината Сахара. Низинскиот дел се наоѓа кај крајбрежјето на Средоземното Море, Атланскиот и Индискиот Океан. Афика се дели на два дела Ниска (Северна) и Висока (Јужна) Африка.
Во Ниска Африка крај крајбрежјето на Средоземното Море се наоѓа низината Тел и Атласките планини, кој по постанок се млади вережни и тие се делат на Висок, Голем и Мал Атлас. Јужно од овие планини се наоѓа Сахара. Таа зафаќа површина приближно колку Европа, 9 милиони киломентри квадратни. Во оваа пустина се издигаат планини повисоки од 3.000 метри, а тоа се Ахагар и Тибести.
Реката Нил, е долга 6.695 километри. Се образува од Синиот и Белиот Нил. Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил од езерата во Уганда и Д.Р. Конго. По својата делта, Нил се влева во Средоземното Море. Египjаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн.
Замбези е река со должина од 2.660 километри во Јужна Африка. На неа се протега водопадот Викторија. Овој Водопад е еден од најпознатите во светот. Замбези се влева во Индискиот Океан и образува делта при утоката.
Сливното подрачје на Атланскиот Океан зафаќа 35% од територијата на Африка. Во Атланскиот океан се влеваат реките: Нигер, Конго, Сенегал, Орање и други. Реката Конго е втора река во светот по својата полноводност и при утоката таа гради делта.
Исто така, Африка е богата со езера. Повеќето езера се наоѓаат на Езерската висорамнина. Најпознати езера се Викторија, Тангањика, Чад, Рудолфово, Албертово, Њаса и други. Езерото Викторија е најголемото во Африка со површина од 68.800 километри квадратни. И низ него поминува екваторот. Езерото Тангањика е второ езеро по длабочина во светот со длабочина од 1.470 метри. Во него живеат над 190 ендемични видови на флората и фауната. Езерото Чад е солено езеро.
Автор: Давор Панчевски
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!