Top

Фотографии од животните во скопската зоолошка градина по втор пат го освоија светот

Фотографии од живoтните кои се дел од скопската зоолошка градина по втор пат се најдоа на еден од најпопуларните вебсајтови во светот – Bored Panda. Овојпат, фото-серијалот е насловен “Safari in Macedonia” („Сафари во Македонија“).

Авторот на овие прекрасни фотографии, г-динот Горан Анастасовски, за популарниот вебсајт изјави:

Долги години сум фотограф и животните отсекогаш биле во фокусот на моите фотографии и омилени за фотографирање. Бидејќи досега не сум имал можност да одам во Африка, овие фотографии ги направив во зоолошката градина во Скопје, трудејќи се да изгледаат природно, како да се фотографирани во дивина.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *