Фотографии од живoтните кои се дел од скопската зоолошка градина по втор пат се најдоа на еден од најпопуларните вебсајтови во светот – Bored Panda. Овојпат, фото-серијалот е насловен “Safari in Macedonia” („Сафари во Македонија“).
Авторот на овие прекрасни фотографии, г-динот Горан Анастасовски, за популарниот вебсајт изјави:
Долги години сум фотограф и животните отсекогаш биле во фокусот на моите фотографии и омилени за фотографирање. Бидејќи досега не сум имал можност да одам во Африка, овие фотографии ги направив во зоолошката градина во Скопје, трудејќи се да изгледаат природно, како да се фотографирани во дивина.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!