Брзото темпо на живот нè тера да посегнеме по мрсни, пржени или слатки оброци кои имаат големо влијание врз нашето тело. Освен што на тој начин внесуваме непотребни калории, брзата храна ја забавува работата на метаболизмот и предизвикува проблем со варењето на храната. Ако сакате на своето тело да му направите услуга и притоа да изгубите некој килограм, во своето дневно мени вклучете го и овој здрав пијалок.
Потребни состојки:
– 1 шолја спанаќ или блитва
– 2 јаболка
– 2 мали или една голема краставица
– 1 лимон
– 2 стебленца целер
Подготовка:
Краставицата и лимонот излупете ги и потоа сите состојки ставете ги во блендер. По желба, можете да додадете вода или неколку коцки лед. Овој пијалок консумирајте го помеѓу оброци или навечер.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!