Top
Kefir-iLike-mk

Кефир – Природен извор на здравје и долг живот

Kефирот е ферментиран млечен производ со киселкаво-освежувачки вкус, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Се смета дека потекнува од Kавказ и дека е стар околу еден милениум. Жителите на Kавказ се познати по својата долговечност и одлична здравствена состојба, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Kултурата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но пак, кефирните зрнца не се габи.

Kефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на карфиол, по својот состав се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди. Тие се симбиоза на големиот број добри млечни бактерии, оцетни бактерии и неколку видови квасец. Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млеко и немаат рок на траење. Тие живеат вечно. Прашањето како настанале останува енигма која микробиолозите сеуште не можат да ја разрешат.

Здравствени благодети од секојдневното консумирање кефир:

  • Дејствува како најсилно средство против алергии и интолеранција на храна
  • Дејствува како природен антибиотик
  • Ги намалува воспалителните болести, како што се ревма и артритис
  • Го зајакнува имунитетот и го забрзува заздравувањето на телото
  • Ги подобрува варењето и правилното искористување на нутритивните вредности од храната
  • Лекува цревни болести, синдром на иритабилно црево, пролив, запек и подуеност
  • Помага при болести на желудникот, како што се гастритис и чир
  • Го чисти телото од отрови
  • Ја подобрува функцијата на црниот дроб и дејствува против жолчните каменчиња
  • Помага при срцеви заболувања
  • Ги намалува шеќерот во крвта, високиот крвен притисок и триглицеридите
  • Ги лекува габичните заболувања
  • Помага во запирање на растењето на малигните клетки
  • Го нормализира метаболизмот и со тоа помага во губење на прекумерната телесна тежина
  • Помага при несоница и депресија
  • Kорисен е при бронхитис и астма, како и при појава на псоријаза и егзема



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>