Top
INGMRF-00033128-001

Ефикасна есенска диета за прочистување на организмот

Во оваа диета, која е наречена есенска преовладуваат млечни производи, овошје и зеленчук кој во изобилство може да го најдете на крајот на летото и почетокот на есента. Диетата трае пет недели. Производите може да се комбинираат произволно.

Прва недела
Во текот на првата недела се консумира суров зеленчук, нискомаслен јогурт, нискокалорично кравјо сирење, чај и кафе без шеќер, малку сол, лимонов сок и зелени зачини. Секој ден се јаде по 1 тврдо варено јајце и 3 зелени јаболка. Количината на храната не е ограничена. Задолжително треба да се пие по 2 литри вода дневно.

Втора недела
Во втората недела менито е исто како и во првата, и количината на храната е неограничена. Задолжително треба да се пие по 2 литри вода дневно. Во оваа недела вообичаено апетитот се намалува, и многу луѓе се откажуваат и од вареното јајце. Телото, неоптеретено со масти, ужива во леснотијата и во приливот на енергија.

Трета недела
Во оваа недела се консумира суров зеленчук, 300 грама варено месо, пилешко или риба, нискомаслен јогурт, нискокалорично кравјо сирење, по 3 зелени јаболка, чај и кафе без шеќер, сол, сок од лимон и зелени зачини. Во третата недела се додава печено или варено месо, за сметка на тоа се намалува количеството на млечните производи и се исклучува вареното јајце. Задолжително е пиење на 2 литри вода.

Четврта и петта недела
Во последните две недели од диетата, менито е исто како во третата недела, а тежината се намалува поинтензивно. На крајот на оваа недела во менито треба постепено да се додаваат и други производи, додека се обнови нормалната исхрана. Во никој случај не се нафрлувајте веднаш врз пекарските производи, пржените компирчиња, хамбургерите и слатките.

Оваа диета е добро да се применува еднаш годишно за чистење на организмот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>