Top
Kafe so limon

Ако сакате да ослабнете, пијте кафе со лимон

Сите кои имаат проблеми со вишокот килограми, свесни се дека не постои магична напивка која ќе помогне да намалат килограмите преку ноќ.

Од научна гледна точка, всушност, ниту една храна сама не согорува масни наслаги. Кафето навистина го забрзува метаболизмот, но ова се мали промени во телото. Од друга страна, лимонот има корисен ефект врз имунитетот, го подобрува и метаболизмот, а во комбинација со течност (најчесто вода) го хидрира телото. Не е изненадувачки што многумина би помислиле дека оваа комбинација навистина помага за слабеење.

Единствениот начин да ја трансформирате фигурата и да изгубите вишок килограми е урамнотежената исхрана и физичката активност, се согласуваат експертите. Некои навики, како што е комбинацијата на лимон и кафе може значајно да го забрзаат процесот на слабеење и намалување на телесната тежина.

Наутро после испиена чаша вода, во кафето додадете половина цеден лимон. Вкусот ќе ве воодушеви. Ќе добиете енергија и ќе го забрзате губењето на колограми.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>