Top
zelencuk

Зошто децата не го сакаат зеленчукот?

Ако сте родители, сигурно знаете дека децата на почетокот од исхраната баш и не го сакаат многу зеленчукот. А сигурно сте заборавиле дека кога сте биле мали и вие не сте го сакале.
Научниците со едно истражување потврдија дека ваквата појава не е случајна и е нормална и вообичаена за децата.

На децата им е потребна енергија и тоа многу повеќе за разлика од возрасните, па затоа инстинктивно го прескокнуваат зеленчукот и бараат храна која е или слатка или масна. Децата можеби не се свесни за тоа, но бараат храна која е богата со калории, велат научниците.

Тие наведуваат и друга причина зошто децата не го сакаат зеленчукот: тој нема сладок вкус, а во природата токсичните работи имаат по малку горчлив вкус, па го избегнуваат зеленчукот инстинктивно, односно избегнувањето им е одбранбен механизам.

Без оглед на тоа, трудете се вашето дете да консумира зеленчук: подметнете го во оброокот, направете креативни форми од него или послужете го интересно за децата да го посакаат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>