Top
depresija

Победете ја есенската меланхолија

Во есенскиот период од годината сигурно и вас ви се случило да сте нерасположени и ненаспани. Дождот, недостатокот на светлина и паднатите лисја придонесуваат да се чувствувате депресивно. Доколку е така, вие патите од есенска меланхолија.

Таа се карактеризира со замор, лоша концентрација, чувство на осаменост и зголемен апетит. Ваквата состојба е привремена, причините се негативна психолошка реакција на темнина, ниско ниво на хормонот на среќа, зголемено производство на мелатонин кој предизвикува поспаност и недостаток на витамин Д.

За да ја победите есенската меланхолија треба да ги правите следниве нешта:
– јадете намирници богати со витамин Д
– шетајте на дневна светлина
– трчајте или вежбајте
– слушајте што поведри песни на работа
– во слободно време правете нешто креативно или читајте книга
– не одбивајте покана за кафе или кино, поради времето надвор
– збогатете го својот социјален живот

Оптовареноста на просторот ја зголемува депресијата, па затоа кога сте дома, средете го домот. Исфрлете ги сите непотребни работи, а кога ќе го завршите тоа, освежете го станот со детали во ведри бои и цвеќе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>