Top
Летна депресија

Сè за феноменот „летна депресија“

Се вративте од летување и наместо да бидете среќни и полни со елан, вие сте некако тажни, флегматични и апатични. Што се случува? Веројатно ве фатила летна депресија. Се работи за моментална состојба која би требало да помине за 20 дена.

Овој вид на депресија се јавува поради многу причини, а експертите ги посочуваат најважните:

Недостиг на храброст
Додека сте на летување, во близина на водена површина, размислувате малку поинаку за секојдневните животни аспекти. Тогаш сфаќате дека не сте многу ценети од околината, дека луѓето околу вас не се грижат доволно, дека не живеете така како што би сакале и се надевате дека овие животни аспекти ќе се сменат. Меѓутоа, после одморот ништо не се менува. Фактот дека животот не изгледа така како што би сакале доведува до лошо расположение и депресија.

Финансиската состојба
Годишниот одмор подразбира трошење на пари. Тогаш луѓето трошат многу повеќе од вообичаено, па кога ќе се вратат во реалниот живот, состојбата на сметката им доаѓа како стрес. Грижата за парите многу брзо и лесно го доведува човек во депресија. Со малку порационално постапување со парите, оваа причина за летната депресија може да се избегне.

Нарушување на рутината
Доколку претходно сте страдале од депресија, веројатно знаете дека стриктното држење до дневната рутина често е клуч да не ги почувствувате симптомите на депресијата. Но, во текот на летото рутината се губи и самото нарушување знае да биде стресно. Ако на пример, имате деца во основно училиште, ненадејно сте соочени со потребата да ги забавувате цел ден, како и да организирате нивни активности. Летувањето може да внесе неред во вашата работа, спиењето и прехранбените навики, а сето тоа може да придонесе за летна депресија.

Временските прилики
Многу луѓе уживаат во топлите летни денови и сакаат да се сончаат на плажа. Но, за луѓето кои не уживаат во високи температури, летните горештини можат да бидат непријатни. Некои секој викенд го поминуваат криејќи се во климатизиран стан пред телевизор. Некои ќе почнат да ја избегнуваат летната прошетка бидејќи им пречи влагата. Храната им ја доставуваат бидејќи им е премногу топло да готват, а сето тоа може да придонесе за летна депресија.

Соочување со сопствените недостатоци
Сигурно ви е познато следново сценарио: лежите на плажа и ги гледате младите девојки со убави тела, а потоа го гледате своето тело и го забележувате секој недостаток. Мислите за сопствените недостатоци не ви даваат мир. Планирате да вежбате кога ќе се вратите дома, но тоа постојано го одложувате и еден дел од вас сфаќа дека ќе помине уште една година, а вие нема да направите ништо по однос на тоа прашање. Токму ова може да ве доведе до летна депресија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>