Постојат типични работи кои сите жени ги прават кога мажите се во прашање, но нема шанси тоа да го признаат. Пребарување поранешниот дечко на интернет, другарки кои ги знаат сите детали за него, во никој случај нема да ви го откријат (точниот) број на поранешни партери… Погледнете што се девојките не би признале ни за жива глава.
Ги чува и памти сите љубовни пораки
Сите слатки работи кои ѝ ги кажал некој дечко таа ги држи запишани во дневникот под кревет и едвај чека да им ги покаже на своите идни деца. А постои и голема веројатност дека веќе ги споделила со пријателките и се пофалила дека има одличен дечко.
Пребарување на поранешните девојки на парнерот на интернет
Поранешните девојки на својот парнер ги доживуваат како опасна конкуренција, и веднаш ги бараат на Facebook штом го дознаат нивното име. Првата цел е да најдат заеднички фотографии.
Нејзините другарки знаат сѐ за нејзиниот парнер
Секој пат кога дечкото ќе ја налути својата драга, нејзините најдобри пријателки ги знаат и најситните детали што типот згрешил. Затоа понекогаш другарки онака чудно ги гледаат потенцијалните „зетовци“.
Не ѝ смета (малку) љубомора
Премногу љубомора само ќе ја оддалечи од партнерот, но малку љубомора и покажува дека на партнерот му значи. Тоа не значи дека машките треба да прави скандали за секој топ со кој му изгледа дека флертува, но ќе и биде драго ако машкото малку се замеша и џентламенски постапи.
Постојано го тестира партнерот
Дури и ако за тоа не свесна, девојката сака да знае дека нејзниот дечкото секогаш ќе биде искрен, посветен и грижлив, па својата доверба постајно ја тестира. Ако неочекувано поставува сумливи прашања или почне чудно да се однесува, можеби тоа го прави за да види како на тоа ќе реагира партнерот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!