Top
skin

Подгответе ја кожата за есен

Редовната нега на кожата која подразбира редовен пилинг на лицето и телото, нега на стапалата и хидратантна маска треба да ви стане навика. За да ја подготвите кожата за студените денови, треба да направите неколку третмани, но особено е важен пилингот. Тој ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата, митесерите и ќе го реши проблемот со затворените пори, а флеките и пегите кои се предизвикани поради губиток на колаген ќе бидат помалку изразени.

Нежната хидратантна крема ќе ги ублажи негативните последици од сонцето и морето, ако ја нанесувате после секое туширање, како би се регенерирала целата кожа. Особено внимание треба да им посветите на стапалата кои после летниот период се многу оштетени. Доколку имате можност, посетете педикир, бидејќи на тој начин ќе ги подготвите стапалата за есенски обувки. Но, негата на стапалата можете да си ја направите и сами: започнете со пилинг, потоа со камен за пети остранете ја задебелената кожа, а после туширање нанесете хидратантна крема.

За да постигнете најдобар ефект, треба да ги користите најмалку два пати неделно. Исто така, еднаш неделно правете пилинг на рацете со неколку лажици бадемово масло, лажица крупна сол и лажица мед.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>