Top
Girl waking up stretching arms on the bed

Едноставни совети за убавина

Сонот е убедливо првиот и најважен предуслов за убавина. Не можете да очекувате да се разбудите убави и свежи ако сте ненаспани.

Постојат неколку трикови кои секако го подобруваат ефектот на убавината која се прави за време на ноќта.

Измијте го лицето
Пред спиење, темелно измијте го своето лице и отстранете ја нечистотијата, мастите и шминката од кожата. Потоа нанесете ноќен крем на лицето, кој е направен да обезбеди најдобра грижа за кожата додека спиете. Кремот треба да ја подмладува и регенерира кожата во текот на ноќта, но соодветна грижа пред спиење е од големо значење.

Спијте на грб
Воопшто не е лесно да се промени начинот на спиење, затоа што секој има омилена поза, во која му е најлесно да заспие, но вреди да се обидете да спиете на грб.

Внимателно изберете ја перницата
Спијте на памучна и удобна перница која ќе ја менувате во период помеѓу 6-12 медеци. Редовно менувајте ги и навлаките, најмалку два пати неделно, бидејќи целата нечистотија која останува во малите пори се акумулира на нив, што со текот на времето може да ја оштети кожата и да предизвика појава на мозолчиња.

Негувајте ја кожата според годишното време
Кожата се менува од сезоната до сезона, исто како и во текот на еден месец. Во текот на зимата, најважно е хидратација, и се препорачуваат и масажи. Во топлите летни месеци, на кожата најдобро ќе и одговараат навлажнувачки креми и гелови.

Непрекинат сон
Вашата спална соба треба да биде потполно мирна. Да не постои место со телевизор и други апарати кои би можеле да го загрозат вашиот сон.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *