Top
sisanje kosa

Совети кои никогаш не ги прифаќаме

Многу од нас добиваат совети кои ретко кој или речиси никој не ги прифаќа и применува.

  • „Не купувај салонки во кои не можеш да одиш!”
    Иако во нив изгледате одлично кога седите и стоите, сепак ако истите ви создаваат потешкотии кога чекорите, не ги купувајте.

  • „Не ни помислувај на тоа!”
    Сигурно знаете дека треба да стоите подалеку од тој неодоливо привлечен, но не многу карактерен колега од работа – но секогаш постои сила посилна од гравитацијата постојано ве влече кон него…

  • „Проверете ја мапата пред да тргнете на пат!“
    ГПС уредот решава сè! Но кога имате мапа, секогаш можете да побарате помош од згоден минувач на улица.

  • „Кога е многу топло, шминката чувајте ја во фрижидер!“
    Секогаш заборавате на тоа и се шминкате во бањата во текот на целата година.

  • „Бидете внимателни – врело е!“
    Тоа нема да нè спречи да фатиме врел сад со двете раце, така?

  • „Размисли пред да прозбориш!”
    Кога би го послушале овој совет, би биле практично неми!

  • „Порано легнувај си навечер!“
    Одличен совет, но дури доцна навечер почнува одлична ТВ-програма, тогаш се уклучува на чет вашиот симпатија…

  • „Дамка од црвено вино се чисти со бело вино!“
    И на тоа туку-така да потрошиме две чаши совршено вино. Мора да постои поинаков начин.

  • „Немојте сами да се потстрижувате, особено не шишките!”
    Без разлика на катастрофалните резултати од самопотстрижување, никогаш нема да му одолееме на нагонот да ги скротиме непослушните перчиња или пак шишките поради кои не гледате ништо пред себе.

  • „Исклучиво за рачно перење…”
    Сепак ја полниме машината за алишта и се надеваме на најдобар исход? Во лотаријата на машинско перење (речиси) секогаш победуваме.

  • „Носете секси долна облека, дури и ако немате партнер!“
    Сигурно си мислите зошто би трошеле многу пари за парче што никој нема да го види. Но, како сте толку сигурни како ќе заврши излегувањето со вашите другарки?

  • „Живеј го секој ден како да ти е последен!“
    Како да не! Ако така живееме, би завршиле со празен паричник, со отказ и во затвор. Не одете толку во крајности, но сепак дозволувајте си колку е можно повеќе и правете нешта кои ве прават среќни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>